Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од 6 години

Многу педијатри и психолози велат оти раната употреба на паметни телефони може да предизвика долготрајна штета. Така, детето не треба да има свој телефон пред да наполни шест години, смета психологот и професорка на Факултетот за спорт и физичка активност при британскиот Универзитет Шефилд Халам, Лијана Азеведо.



Според неа, шестата година е критичен период во развојот на детето, пред којшто можеби не е соодветно да се изложува детето на какви било интерактивни медиуми.

- Факт е дека децата до шестата година ги развиваат најважните моторни вештини и интерперсонални комуникациски вештини коишто најдобро се совладуваат преку лична комуникација. Употреба на паметен телефон на рана возраст може да го поттикне детето да ја замени вообичаената игра со уредите, а врсниците со виртуелната мобилна забава, изјави Азеведо.

Покрај тоа, некои испитувања покажаа дека количината сива материја во мозокот го достигнува својот врв непосредно пред шестата година од животот. За да не се наруши и тој развој на ментални способности, не се препорачува употреба на технолошки уреди.

- Децата до две години воопшто не треба да минуваат време пред екранот, а петгодишните можат да користат телефони, таблети и компјутери најмногу по еден час дневно, советува психологот.

Така, како што наведува, децата на возраст под шест години може да бидат особено чувствителни и на влијанијата од паметните телефони врз сонот. Раното изложување на содржината на социјалните мрежи, исто така, може да влијае на психичкото здравје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби