Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш, може да бидат потребни и до 25 години за повторно да се намали опасноста од срцеви заболувања, откако едно лице ќе се откаже од цигарите. Наодите се објавени во списанието „Jama Network Open“.



Јужнокорејскиот истражувачки тим предводен од Џун Хван-чо проучувале податоци од Корејската национална служба за здравствено осигурување. По речиси 15 години следење, истражувањето открива дека сегашните пушачи имаат најлоши последици. Пушењето и опасноста од кардиоваскуларни болести, како што пренесува списанието „Сити магазин“ (City Magazine), зависат од бројот на испушени цигари, без оглед на откажувањето од пушењето - вели заклучокот на научниците.

Кај сите поранешни пушачи, откажувањето од пушење било поврзано со значително намалување на опасностите. Сепак, ова зависи и од кумулативната изложеност на чад и повеќе години по откажувањето. Во споредба со сегашните пушачи, луѓето кои пушеле помалку, имале помала можност за појава на болести околу срцето во првите пет до 10 години по откажувањето.

- Ако дозата на чад кај луѓето кои почнуваат да пушат не надминува одреден праг или тн. „точка од каде што нема враќање“, тие можат да очекуваат рано подобрување на здравјето ако престанат да пушат. Пушењето во траење од осум години е означено како „точка од којашто нема враќање“. Затоа, откажувањето од пушењето пред да осумгодишно континуирано пушење може да има значителни придобивки за јавното здравје, вели Џун.

Тоа значи - на поранешните пушачи кои пушеле повеќе цигари им биле потребни околу 23 (па дури и до 25) години, додека нивниот ризик од болест не се намали, спореден со оние кои никогаш не пушеле. Во споредба со сегашните пушачи, тешките поранешни пушачи имале помала веројатност да развијат кардиоваскуларни болести по околу 20 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Некој крупен маж земал ситна жена, па другарите го прашуваат:
- Добро бе, каков ви е сексот, кога сте толку различни?
- Абе, јас си лежам, она е одозгоре, па јас ја држам и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1648.- Со потпишувањето на договорот во Минстер...
1649.- На англискиот крал Чарлс Први Стјуард,...
1830.- Во Охрид е роден Григор Прличев, еден од...
1835.- Претседателот на САД Ендрју Џексон го...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби