Постојаното „пукање“ на прстите има долгорочни штетни последици

Навиката на крцкање на зглобовите, најчесто во прстите, е доста честа кај многу луѓе. Некои тоа го прават и „несвесно“ - како начин за ослободување од напнатост или, едноставно, поради миг на нервоза. Сепак, тоа може да има и сериозни долгорочни последици, а според некои стручњаци и теории, може, на пр., да се добие и артритис.



При крцкање на прстите, на пр., она што всушност се случува е ослободување на гас насобран во синовијалната течност којашто ги подмачкува зглобовите. Оваа течност содржи кислород, азот и јаглерод-диоксид. Со истегнување или свиткување на спојот се создава вакуум што предизвикува создавање меурчиња од гас коишто, всушност, го создаваат тој карактеристичен звук на „пукање“. Некои луѓе, следствено, може да развијат зголемена чувствителност на болка во рацете или во друг дел од телото поради постојаното оштетување на зглобовите предизвикано од оваа навика, пишува босанскиот портал „Кликс“.

Иако тоа „пукање“ не е нужно штетно ако е поретко, и не предизвикува веднаш болка, честопати води до долгорочни и долготрајни проблеми со зглобовите и мускулите.

Имено, тоа крцкање може да доведе до хронично воспаление на зглобовите. Честото повторување на оваа навика, може да го иритира ткивото. Тоа ги ослабува мускулите и лигаментите околу зглобот, затоа што долгорочно ја менува природната биомеханика на прстот. И, тоа влијае на неговата стабилност.

Постојаното оптоварување на зглобовите, исто така, може да го зголеми ризикот од повреди, исчашување или истегнување. Ослабените зглобови се поподложни на оштетување во секојдневните работи.

Иако не постојат убедливи докази коишто директно го поврзуваат крцкањето на зглобовите со артритисот, некои доктори веруваат дека прекумерното „пукање“ на прстите може да придонесе за „трошење“, па и кинење на зглобовите со текот на времето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак?
- Ќути сине и пукај!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
На 28.03.2025 година во 05:00 часот до 07:00 часот на патот кон Р.Косово на околу 4км пред вториот кружен тек ќе се изврши подигнување на превртен камион со полуприколка, по што...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби