Симптоми на синдромот на немирни нозе

Пецкањето и слични непријатни чувства во нозете при спиењето, како и потребата да ги движите ноќе, може да бидат знак за тн. синдром на немирни нозе. Се работи за нарушување на спиењето и движењата, бидејќи симптомите се јавуваат при одмор.



Симптомите може да се движат од благи до потешки. Човекот ги доживува како нагон да ги движи нозете во сон. Д-р Суџит Кумар, невролог и епилептолог од Бенгалур, Индија, вели дека состојбата може да се јави како последица од анемија со недостаток на железо, откажување на бубрезите, невропатија, а понекогаш, синдромот може да се појави и без специфична причина.

Според лекарот, најчестите причини се: Краен стадиум на бубрежна инсуфициенција и хемодијализа, периферна невропатија (оштетување на нервите), нарушувања на спиењето како што се апнеја при спиење и недоволен сон, хормонални промени, бременост (особено во последното тримесечје), употреба на алкохол, никотин и кофеин.

Кои се симптомите на синдромот на немирни нозе?

Лицата со синдром на немирни нозе имаат нагон за движење, често придружен со непријатно чувство во долните екстремитети. Може да се јави во облик на болка, пулсирање, трпнење, грч... Како резултат на тоа, квалитетот на сонот е честопати нарушен и како последици има промени во расположението, исцрпеност, дневна поспаност, тешкотии при концентрирање, нарушено помнење, намалена продуктивност, депресија и анксиозност.

Како може да си помогнеме? Личниот лекар може да ја процени сериозноста на состојбата и основните причини, и да препорача лек. Препорачлива е посета на доктор ако искуството е често и со голема силина.

Говорејќи за лекови, се користат оние за ублажување болката и подобрување на спиењето. Во некои случаи може да се препорача додаток на железо, но тоа мора да се направи под надзор на специјалист или квалификуван општ лекар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Келнер, едно слободно место покрај прозорот ве молам... На масата да има вазна со свежо цвеќе... Внимавајте, супата не смее да биде ни ладна ни топла, би сакал и едно пиво од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Нов Зеланд
1564.- Роден е англискиот писател Кристофер...
1665.- Родена е англиската кралица Ана, која...
1685.- Умре англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби