Совети за доење кога мајката е болна

Доењето понекогаш е последното нешто што на мајката ѝ паѓа на ум кога се бори со потешка настинка или грип. Но, вообичаено, следи прашањето: Дали е безбедно да се продолжи со доењето, ако мајката е болна и сѐ уште се опоравува?



Одговорот е: Да, во најголем број случаи. Мајчиното млеко обезбедува исклучителна заштита за бебето, вклучително и од вообичаените респираторни заболувања, каков што е грипот. Телото на мајката произведува антитела што се пренесуваат преку млекото, па тоа го заштитува детето од истите вируси и инфекции. Затоа, доењето е дури и корисно за Вашето бебе, бидејќи така, всушност, опасноста од заразување е намалена, пишува порталот „Кликс“.

За време на грип или друга вообичаена болест, бебето нема да се зарази преку мајчиното млеко. Но, иако е безбедно да се продолжи со доењето во речиси сите случаи, неколку мерки на претпазливост треба да се имаат предвид.

Ако мајката кашла или кива, се препорачува користење хартиено марамче, за да се спречи распрскување и ширење на бактериите. Марамчето редовно се менува со ново.

Уште еден совет: Ограничете го блискиот контакт - лице в лице со бебето.

Кога родителот има грип, се препорачува и носење маска при доењето за да се спречи директен контакт на бебето со вирусот преку дишење, зборување и слично.

Исто така, мајката може да го испумпа своето млеко во посебно шише и некој друг, здрав човек да го нахрани бебето.

Доењето кога мајката е болна може да биде дополнителна грижа за многу жени, но со соодветни мерки на внимателност, млекото сепак е најдобриот начин да го одржите бебето здраво и да му ги дадете хранливите материи и антителата што му се потребни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо молзел крава. Само што ја наполнил кантата, кравата се ритнала и го истурпла млекото. Мујо и ја врзал ногата и пак седнал да ја молзе. Таман ја наполнил кантата, кравата се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
На 28.03.2025 година во 05:00 часот до 07:00 часот на патот кон Р.Косово на околу 4км пред вториот кружен тек ќе се изврши подигнување на превртен камион со полуприколка, по што...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби