Дванаесетгодишниот Луис Бул остана со само една половина од мозокот после опасната операција на која беше подвргнат бидејќи заболел од болест слична на воспаление на мозок.
Луис страдал од редок облик на Расмусенов енцефалитис, а снимките од главата открија дека страната зафатена од болеста можела да го ограничи растот на остатокот од здравото мозочно ткиво. Хирурзите одлучиле дека е најдобро да го пресечат мозокот на Луис на пола. Исклучувајќи ја десната отечена страна, тие се надевале дека левата, здрава страна од мозокот ќе нарасне доволно за да компензира за десната и оти со текот на времето ќе ги преземе сите функции.
Докторите ги предупредиле родителите Менди и Џон, кои дале согласност за операцијата на Луис, дека постојат големи шанси момчето да остане приковано за инвалидска столица, а ако операцијата не успее, целиот живот ќе остане на ментален развој на 12-годишно дете. Брачниот пар и нивната деветгодишна ќерка Џорџија се подготвиле да жалат за загубата на Луис, кој некогаш бил духовито, популарно момче кое го обожавал фудбалот.
Се случило чудо, се разбудил и ги изненадил докторите така што за неколку седмици после операцијата почнал да оди.
- Многу е добар. Никогаш не се жалеше или прашуваше зошто токму тој. Го прифати животот таков каков што е, изјави неговата мајка.
Докторите го предупредија Луис дека десната страна од мозокот го контролира левиот дел од телото, вклучувајќи ги и моторните функции како што се одењето и од тие причини неговата лева страна ќе биде значително послаба.
Имајќи предвид дека Луис е многу млад, левата страна од мозокот ќе се адаптира и со текот на времето ќе ја преземе работата на левата.
Спротивно на предвидувањата на докторите, 12-годишникот одлично закрепнува после тримесечната психотерапија и говорните вежби. Иако никогаш нема да вози автомобил, поради слабиот вид на левото око и без разлика што левата рака секогаш ќе му биде послаба, докторите очекуваат да живее речиси потполно нормален живот.