Според најновото истражување на американските научници, секој петти тинејџер има оштетен слух поради премногу гласната музика која што ја слуша на својот MP3 или MP4 плеер.
Со цел да се изолираат од бучавата околу нив младите луѓе не ретко го пуштаат тонот на овие музички уреди до самиот крај и ги оставаат слушалките во уши подолго време, што предизвикува неминовно оштетување на самиот слух.
Иако поголемиот дел оштетувањата се сметаат за слаби, односно младите не можат да слушнат звуци во распон од 16 до 24 децибели како шепотење и шушкање на лисјата, не станува збор за занемарлив проблем. Овие тинејџери можат да ги слушнат сите самогласки, но најчесто не можат да изговорат согласки како т, к и с. Освен тоа слушањето многу гласна музика го зголемува ризикот од употреба на слушни апарати во подоцнежните години од животот.