Девојчето стигнало во болница во Пуебла по компликациите во 31-та недела од бременоста. На крај родила момче со царски рез. Лекарите велат дека бебето и неговата мајка добро се опоравуваат.
Детето, тежи само килограм ипол, се наоѓа на интензивна нега поради воспаление на белите дробови, но 10-годишната мајка секој ден доаѓа да го дои, пишува New York Daily News.
Директорот на болницата Рогелио Гонзалес изјавил дека случајот е пријавен на Државното обвинителство кое треба да провери дали девојчето било силувано и кој е татко. По мексиканскиот закон, младите мајки смеат да абортираат доколку докажат дека биле жртви на силување, пренесува Daily Mail. Оние кои во тоа нема да успеат, а абортираат, им се заканува затворска казна.
За сличен случај мексиканските медиуми пишуваа и во август мината година, кога се породи 11-годишно девојче, откако година дена ја силувал очувот.