Мајчиното млеко може да го уништи ХИВ вирусот и да ја блокира неговата орална трансмисија, покажуваат експериментите на американските научници извршени врз глувци.

Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина веруваат дека е можно да се изолираат состојките од мајчиното млеко кои доведуваат до уништување на ХИВ вирусот, а потоа да ги употребат во терапијата за овој вирус што предизвикува СИДА.
Најмалку 15 отсто од новите инфекции на ХИВ се јавуваат кај деца, во отсуство на соодветна терапија само 65 отсто од заразените деца го доживуваат првиот роденден. Помалку од 50 отсто од заразените деца живеат подолго од две години.
Иако се верува дека е ХИВ - позитивни мајки при доењето може да го пренесат вирусот на нивното бебе, новите сознанија укажуваат на тоа дека повеќето доени децата сепак не се инфицирани со вирусот, и покрај долготрајното изложување на ХИВ.

Истражувачите напомнуваат дека нивната студија е спроведена врз хуманизирани глувци и дека треба да се провери истото и на луѓето.