Експертите велат дека не треба да се плашите дека ќе заболите од рак доколку ги измешате и консумирате следните три зачини, кои се воедно и лесно достапни.
Д-р Каролин Андерсон до овие извонредни сознанија дошла преку истражување на две илјади старата традиција на употреба на овие состојки во источна Индија, а чии резултати се потврдени преку западните медицински истражувања. Таа истакнува дека доколку ги користите овие три состојки секојдневно, речиси да нема опасност да заболите од рак.
Тие три чудотворни зачини се куркумата, маслиновото масло и биберот. Помешајте една четвртина лажичка куркума со половина лажичка маслиново масло и малку мелен бибер колку што ќе фатите со прстите. Добро помешајте ги овие состојки и добиената смеса можете да ја користите како додаток на салатите и јадењата, но можете да ја консумирате и самостојно.
Доколку сакате да ја додадете во оброк кој термички се обработува, тогаш ставете ја смесата на самиот крај од подготвувањето на оброкот. Доколку ја јадете сама, можете да ја растворите со малку вода. Внесувајте ја во организмот што почесто, по можност секојдневно.
- Сè е до куркумата. Тоа е жолт зачин кој можете да го најдете во облик на прав. Нејзините противвоспалителни способности се неверојатно моќни. Не постои ниту една друга природна состојка која е поефикасна против воспаленијата од куркумата, тврди Андерсон.
Истражувањата покажуваат дека куркумата го спречува ракот на дебелото црево, на простатата, на мозокот, како и ракот на дојките.