Ако запрашате било кој стоматолог дали кариесот може да се излечи наместо да се отстранува и да се нанесува пломба, секој ќе ви даде негативен одговор. Сепак, повеќе луѓе тврдат дека успеале практично да го побијат тврдењето и тоа со помош на вистинскиот избор на храна.
Откако ја прочитале книгата на доктор Вестон Прајс, „Nutrition and Physical Degeneration“ решиле да се обидат да го излечат кариесот и верувале или не за неколку месеци го постигнале саканиот ефект.
Како е возможно?
Доктор Вестон Прајс е стоматолог кој кон почетокот на 20-от век патувал по светот во потрага по племиња кои живеат надвор од модерното општество. Сакал да дознае што се крие зад здравите заби на племињата кои воопшто не користат паста за заби ниту пак конец. По низа истражувања Прајс открил дека вистинската причина поради која се појавува кариесот е постоење на нутритивен недостаток. Кога организмот го нема овој нутритивен недостаток кариесот се лечи сам од себе и забите започнуваат да се обновуваат.
Поради што се расипуваат забите?
-Недостаток на соодветни витамини кои се растворуваат во масти. Тоа се А, D, E и витамин К кои поради модерниот начин на исхрана се помалку се застапени во нашиот организам. Доктор Прајс открил дека овој тип на витамини создава најголем имунитет против кариес.
-Недостаток на активатор Х, хормон сличен на витаминот D. Истиот може да се најде во животните кои се исхрануваат со трева. Путерот со пожолта боја има поголеми количества на активатор X кој помага при регенерација на забите.
Како да го спречите кариесот?
Најлесниот начин е преку комбинација на две мошне моќни состојки. Секое утро со својот вообичаен појадок консумирајте три капсули масло од путер и една лажица масло од црн дроб на бакалар.
Доколку не успеете да ги пронајдете овие масла, практикувајте исхрана богата со следните продукти:
- Пилешки џигер
- Козјо сирење
- Полномасно млеко
- Јајца
- Риба и морски плодови
- Путер
- Кајмак