Европа е соочена со досега невидена хуманитарна и политичка криза со сегашниот бран бегалци и мигранти, изјави денеска во Атина заменикот-претседател на Европката комисија, Франс Тимерманс.
- Треба да најдеме европски одговори на проблемот, што не може да биде решен од државите во Унијата, изјави тој.
Пред да оствари средба со грчката премиерка Василики Тану тој нагласи дека Европа е солидарна со Грција.