Специјалци се обидуваат да ги стават под контрола мигрантите во Товарник

Загреб, 17 септември 2015 (МИА) - Припадници на хрватската полиција за борба против нереди се обидува да ги стават под контрола се поголемите групи мигранти во пограничниот град Товарник, каде бегалците, кои доаѓаат од Србија се обидуваат да се качат на автобуси, кои патуваат кон внатрешноста на Хрватска. 

Долги редици се формираа крај автобусите, кои патуваат на дестинации каде има центри за примање мигранти на други места во Хрватска.

Над сто полицајци за борба против немири беа распоредени за да ги контролираат групите и да ги држат настрана од железничката линија.

Во меѓувреме хрватска полиција соопшти дека повеќе не може да прима мигранти во земјата. 

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека Хрватска на бегалците ќе им обезбеди безбеден транзит до центрите околу Загреб, но оти оние кои не бараат азил ќе бидат сметани за илегални имигранти.

Според него 6.500 лица влегле во земјата изминатите 24 часа. 

- Хрватска нема да може да прима повеќе луѓе, изјави Остојиќ во градот Товарник на источната граница на Хрватска со Србија. 

- Кога рековме дека се подготвени коридори го имавме предвид коридорот од Товарник за Загреб, додаде Остојиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...