Ќе се повлечам ако се докаже дека Турција купува нафта од ИД

Париз, 1 декември 2015 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека ќе поднесе оставка на функцијата, доколку се докажат обвинувањата оти Турција купува нафта од џихадистичката група Исламска држава (ИД).  

- Ви кажувам сосема отворено. Ако се докажат таквите тврдења, нема да останам на функцијата, изјави Ердоган во Париз, каде учествуваше на почетокот Конференцијата за климатските промени (КОП21).

Ердоган при тоа праша дали и рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да поднесе оставка, ако се докаже дека Турција не купувала нафта од ИД.

- Го прашувам уважениот Путин дали тој ќе остане (на функцијата), додаде Ердоган. 

Ваквата изјава на Ердоган претставува реакција на тврдење на повеќе руски официјални претставници дека Турција на црниот пазар купува нафта по потекло од деловите на Ирак и Сирија под контрола на ИД, со што директно ги финансира терористите. 

- Сите знаат од кого ние купуваме нафта. Американското Министерство за финансии соопшти дека меѓу оние кои купуваат нафта од ИД е и државјанин на Сирија и Русија. (Путин) прво нека одговори на тоа, додаде Ердоган. 

Турскиот претседател нагласи дека Анкара не очекува прекин на односите со Москва, додавајќи дека Турција е „благородна држава, која дејствува трпеливо“.  

- Ќе видиме прво што ќе направат тие, па дури тогаш ќе дејствуваме, истана Ердоган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...