Приштина,16 август 2016 (МИА) – Пред денешното пристигнување во Приштина, косовскиот претседател Хашим Тачи посетата на американскиот потрпретседател Џо Бајден ја оцени како историска за Косово и оти Бајден е посветен на мирот во нашиот регион.
„Во Република Косово доаѓа американскиот потпретседател Бајден. Оваа посетата на пријателот на Косово претставува нов и историски миг за Косово. Потпретседателот Бајден е посветен на мирот и стабилноста во нашиот регион ", напиша Тачи на неговиот профил на Фејсбук.
Тачи уште пишува дека народот во Косово е горд на својот пријател, кој даде голем придонес за слободата и незвисноста на Косово.
„Народот на Косово е горд на својот пријател, кој од почетокот на деведесеттите во Вашингтон беше надеж и моќен глас за слободата и независноста на Косово. Пријателството на Косово со САД е вечна. Косово и неговиот народ засекогаш се благодарни на потпретседателот Бајден и неговото семејство за нивниот придонес. Бог да го благослови Косово, Бог да ги благослови САД“, напиша Тачи.
Американскиот потпретседател Џо Бајден со сопругата Џил во Приштина ќе пристигнат вечерва, а неговите средби со претседателот Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа,се планирани за утре.
Тие ќе престојуваат и во кампот Бондстил, каде ќе присуствуваат на свеченоста, што под патронат на Косово, се одржува во чест на именуањето на улица со името на нивниот починат син Џозеф „Бо“ Бајден.
Претходно денеска, Бајден ќе допатува во Белград, каде ќе има средби со српскиот државен врв.