Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вчера ја повика Босна и Херцеговина да ја признае независноста на Косово.
Тој во честитка по повод Денот на Бошњаците рече дека е потребно Бошњаците од Косово да испратат порака до властите во Сараево дека е потребно да се преземат чекори за признавање на независноста на Косово.
БиХ не ја признава независноста на Косово поради противењето на политичарите кои ги претставуваат босанските Срби. Како прв чекор, Харадинај побарал двете земји да овозможат полесно движење на своите граѓани со меѓусебно признавање на патните документи.
Харадинај додава дека косовските Бошњаци имаат добри меѓусебни односи со косовските Албанци и другите заедници на Косово и се застапени со еден министер и тројца пратеници во Владата и во Собранието.