На покана на албанскиот премиер Еди Рама во посета на Тирана е неговиот португалски колега, Антонио Коста.
Тие разговараа за иновативни дигитални проекти и модели на вештачка интелигенција што ги развиваат двете влади.
Токму Рама ги откри овие детали преку објава на Фејсбук, нагласувајќи дека една од точките за која зборувале е трансформативната програма на португалската влада за социјални станови, за што како што најави Рама, ќе испратат тим експерти во Португалија.
-Посебното задоволство од денешната посета на премиерот на Португалија, Антонио Коста, познатиот и високо ценет реформатор, со кого разговаравме и за иновативни дигитални проекти, моделите на вештачка интелигенција што ги развиваат нашите влади, како и за трансформативната програма на португалската влада за социјални станови, за која ќе испратиме тим експерти во Португалија, напиша Рама.
Според објавените фотографии тие се прошетале низ Тирана, а застанале и кај позната Пирамида.
Култната градба во облик на пирамида, изградена пред 30 години како музеј во чест на комунистичкиот лидер, Енвер Хоџа, по целосната реконструкција сега е најголем центар за дигитална технологија на Балканот.