Неупотребата на уставното име на Северна Македонија е кршење на Договорот од Преспа

Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК).

- Договорот од Преспа предвидува име на државата кое ќе биде едно и единствено за севкупна употреба, а тоа е Северна Македонија, рече Герапетритис.

Тој нагласи дека сите мора да сфатат дека меѓународното право е основа на глобалниот мир и безбедност и дека тоа не е процес во кој ќе се избира тоа што некому одговара.

- Неприфатливо и незамисливо е членство во Европската Унија без целосна имплементација на европското законодавство и на меѓународното право и меѓународните договори, додаде Герапетритис.

Според него, Грција отсекогаш била движечка сила во пристапниот процес на земјите од Западниот Балкан во ЕУ и таа и натаму смета дека тоа е најдобриот пат и за државите од регионот и за Унијата.

Герапетритис ги осуди и заканите упатени од страна на Хамас кон Кипар, поради наводна поддршка на Израел.

- Се наоѓаме среде две ужасни војни – руската агресија врз Украина и војната на Блискиот Исток, кои за жал се во состојба на ескалација. Особено на Блискиот Исток, кога бевме инспирирани со надеж дека имаме мировна формула и мировен процес, сега имаме ескалација без никаков почит, изјави Герапетритис.

Тој истакна дека за Грција е апсолутно неприфатливо да се упатуваат закани кон суверена земја членка на Европската Унија , како што е Кипар.

- Сите стоиме зад Кипар и ќе бидат заедно во однос на сите глобални закани што доаѓаат од која било терористичка организација, нагласи Герапетритис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе да купи таксени марки во трафика и ја прашува продавачката:
- Имате ли таксени марки од пет денари?
- Да!
- А колку чинат?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1573.- Роден е Микеланџело Караваџо, италијански...
1831.- Во Сподње Ретје е роден Фран Левстик,...
1864.- Во Лондон е основана Првата...
1891.- Во Њујорк умре Херман Мелвил, еден од...