Рама: Благодарение на Путин и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан е потребен на ЕУ

Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.



- Албанија конечно седи како рамноправен партнер на масата на земјите членки на Европската Унија, нагласи Рама.

Тој додаде дека од првиот ден откако го „напушти пеколот на најизолирана комунистичка земја во Европа - Северна Кореја во срцето на Европа“, Албанија е посветена на членството во ЕУ.

- И покрај различните расположенија и различните нивоа на посветеност или на скептицизам кон проширувањето, ние никогаш не се поколебавме затоа што за нас Европската Унија и Европа се единственото место каде што треба да бидеме и единственото место за живот на нашите идни генерации. Така што, овој момент е посебен, истакна Рама.

Тој рече и дека мора „да му се заблагодари“ на рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што истакна, со својата безмилосна агресија „ги разбуди и најскептичните и ги натера да ја согледаат реалноста“ дека Западниот Балкан е потребен за обезбедување на силна констелација на Европската унија.

- Така сега сме на иста страна, ќе го извлечеме најдоброто од тоа и ќе се движиме брзо за да се увериме дека овој голем прозорец на можности нема да се затвори без ние да станеме дел од Европската Унија, додаде Рама.

Албанскиот премиер истакна дека за членство во ЕУ не е доволно само да се подигне европскиот дух, туку треба да се работи на промена на реалноста во земјата, со цел да се обезбеди дека се ќе функционира согласно Уставот.

- Тоа домашна задача претставува планина што треба да се премине и веќе планинариме со многу јасни идеи и многу силна волја да го оствариме тоа што треба да се оствари, додаде Рама.

Кластерот „Основни вредности“ опфаќа сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери. Преговорите по овој кластер се отвораат први, а се затвораат последни.

Тој вклучува три критериуми - функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економски критериуми и пет поглавја - Судство и основните права, Правдата, слобода и безбедност, Јавните набавки и Статистика и финансиска контрола.

Албанија е прва меѓу земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги води пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување на Унијата усвоена во 2020 година. Согласно оваа методологија, преговарачките поглавја се поделени во шест тематски кластери: „Основни вредности“, „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржливо поврзување“, „Ресурси“, „Земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...