Вучиќ прими честитка од Путин по повод 80-годишнината од ослободување на Белград

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград од советската Црвена Армија, прими честитка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Белхград.

-Почитуван господине претседателе, ве молиме примете ги моите срдечни честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград од германско-фашистичките освојувачи. Белградската офанзивна операција, која беше изведена пред осум децении од силите на Црвената армија и југословенските партизански одреди, е славна страница на нашата заедничка историја. Илјадници советски војници кои загинаа во борбата против нацизмот почиваат на српска земја. Високо ја цениме почитта и внимателниот однос на властите и граѓаните на Србија што ги чуваат спомените на нив, се наведува во честитката на Путин до Вучиќ.

Во неа се додава дека „Русите и Србите со векови стојат рамо до рамо во борбата против заедничките непријатели, заедно надминувајќи ги неволјите и искушенијата“.

Путин му порача на Вучиќ и дека „добрите традиции на братско пријателство од нашите предци, сè основа за развој на стратешки партнерски односи меѓу Руската Федерација и Република Србија“

Според историските извори операцијата за ослободување на Белград траела три недели: од 28 септември до 20 октомври 1944 година, а во неа покрај Народно-ослободителната војска на Југоскавија (НОВЈ) предводена од маршалот Ј.Б.Тито, учествуваа и единиците на Третиот украински фронт, командувани од генералот на армијата и маршал на Советскиот Сојуз Фјодор Толбухин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој старец кој никогашне бил
на лекар оди на преглед.Влегува
во болницата и застанува на
шалтер,а сестрата го прашува:
-Повелете господине.
-Сакам да разговарам со...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
42. п.н.е.- Римскиот политичар Марко Јуниј Брут...
1596.- Турската војска на султанот Мухамед ИИИ...
1764.- Во Париз умре Жан Мари Леклер, француски...
1817.- Роден е францускиот лексикограф и...