Изборот на Трамп поттик за консолидација на ЕУ и интеграција на Балканот

Европа мора да се консолидира и да воспостави нов тип на издржливост и на тој начин да одговори на предизвиците што ги донесе изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, а тоа вклучува и побрза интеграција на земјите од Западен Балкан, изјави хрватскиот европратеник Тонино Пицула.

Тој за сараевскиот весник „Дневен аваз“ истакна дека Европска Унија мора да ги зајакне своите капацитети и соработка во одбранбената и воена индустрија поради кризните жаришта - Украина и Блиски Исток.

Пицула потсети дека ЕУ извесен период „многу дискретно“ подготвува можни одговори ако Трамп воведе царини од 25 до 30 проценти за европската стока. Во исто време, еврото би можело да ослаби за околу десет отсто во однос на доларот.

Веќе се договараат некои контрамерки, дали ќе се применат, тешко е да се каже, но ЕУ би морала да изгради некаква отпорност заради себе, посочи Пицула.

Според него овие предизвици, заедно со потребата од консолидација на самата ЕУ, може да ја забрзаат европската интеграција на балканските земји.

- Јас сум еврореалист и би бил задоволен доколку до крајот на мандатот на Европската комисија се завршат еден или повеќе пристапни преговори, а на дневен ред останува само ратификацијата. Ако некоја земја влезе во ЕУ, тоа би било голем успех, изјави Пицула, кој е и известувач на Европскиот парламент за односи со Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Која е разликата помеѓу македонската и италијанската мафија.
- Италијанската мафија е во илегала!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1492. - Христофер Колумбо, откривајќи ја Америка,...
1532.- Шпанскиот конквистадор Писаро, само со...
1577. - Сер Франсис Дрејк, англиски гусар,...
1630. - Во Регенбург умре Јохам Кеплер,...