Грција ќе презентира националната стратегија за заштита на децата од дигитална зависност

Националната стратегија за заштита на малолетниците од дигиталната зависност беше главната тема на состанокот што денеска го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, а биле разгледани прашањата поврзани со имплементацијата и била нагласена важноста на учеството на родителите, но и едукацијата на децата во напорите за справување со негативните последици од прекумерната изложеност на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.



Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, владиниот план за справување со дигиталната зависност на децата, детално ќе биде презентиран на 30 декември.

-Беа разменети мислења и за иницијативите што Грција може да ги преземе на европско ниво, што ќе доведе до формулирање и поднесување на Повелба за дигитални права во Европската Унија, преку која ќе се кодифицираат правата и заштитата, особено на малолетниците, соопштија од кабинетот на Мицотакис.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервју за грчката телевизија „Скај“ потсети на досегашните иницијативи како што се платформата за пријавување врсничко насилство, забраната за употреба на мобилни телефони во училиштата, платформата за информирање на секаков вид насилство и сл., а за новата национална стратегија посочи дека ќе се однесува и на тоа што родителите ќе можат да направат и да ги знаат алатките што ќе им бидат на располагање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Кој орган кај мажите е најразвиен кога мастурбираат?
- Увото.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1398.- Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан...
1644.- Веднаш по полнолетството на престолот...
1709.- Родена е руската царица Елисавета...
1737.- Умре Италијанецот Антонио Страдивари,...