Вучиќ: Србија ќе обезбеди литиум за германската автомобилска индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за весникот „Ханделсблат“ ((Handelsblatt) изјави дека Србија планира да ја обезбеди германската автомобилска индустрија со литиум, што ќе ја прекине зависноста на Европа од увоз на редкиот метал.



- Ова партнерство е од многу големо стратешко значење за двете земји. Германија ќе биде единствената земја што директно ќе добие литиум. На овој начин Србија се позиционира како столб на германската автомобилска индустрија, на која и е потребен материјалот за производство на батерии за електрични возила. Досега Европа беше зависна од увоз од Кина, Австралија и Јужна Америка. Сакаме да ставиме крај на ова, посочи Вучиќ.

Србија и Европска Унија на 19 јули годинава потпишаа меморандум за разбирање, вклучувајќи стратешко партнерство во областа на одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила. Документот беше потпишан во Белград во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според Вучиќ, Србија може да произведува 58 илјади тони литиум годишно и да ја снабдува ЕУ, што би било доволно за производство на 1,1 милион електрични возила.

Во 2022 година српските власти го прекинаа заедничкиот проект со австралиско-британскиот концерн „Рио Тинто“ за развој на наоѓалишта на литиум по серијата протести на еко-активистите. Во јули годинава Уставниот суд на Србија ја укина владината одлука, со која се овозможи продолжување на проектот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто кога плавуша паѓа на земја секогаш паѓа со раширени нозе.
- Затоа што книгата се отвара таму каде што е највеќе читана.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1836.- Шпанија ја призна независноста на Мексико,...
1856.- Роден е Вудров Вилсон, дваесет и осмиот...
1879.- Во несреќата на патнички воз на линијата...
1882.- Роден е англискиот астроном и математичар...