Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник.



Според судот, АПИ е одговорна за 10% од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите да им плати по 20.000 лева како надомест за нематеријална штета. Исто така, се признаваат околностите дека за предметната делница не е донесен акт 16 за автопат и затоа има статус на експресен пат, бидејќи делницата беше пуштена за сообраќај во 2007 година во фаза на акт 15, се вели во судската одлука.

Се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час, што е максималната брзина на делницата од 120 километри.

- При проектирањето на експресниот пат не биле испочитувани геометриските карактеристики. Проектираниот попречен наклон на кривината одговара на брзина од 90 километри на час, но нема поставено патна ознака Б26/90 километри на потребните места за ограничување на брзината, додаваат од судот. Несреќата на автопатот Струма се случи нешто рано утрото на 23 ноември 2021 година, кај селото Боснек. Туристичкиот автобус во кој се наоѓаа 52 лица, удри во заштитната ограда на патот, се запали и целосно изгоре. Автобусот, сопственост на компанијата „Беса транс“ од Северна Македонија, се враќал од Истанбул кон Скопје. Истрагата за несреќата ја водеше Националната истражна служба. Првичните заклучоци беа дека виновен е возачот на автобусот кој возел со голема брзина.

На 20 јануари 2022 година пред Окружниот суд Перник беше покрената граѓанска постапка за обезбедување докази во врска со инцидентот. Беа побарани стручни проценки во однос на состојбата на делот од патот, вклучувајќи ги патните ознаки, заштитните огради и сообраќајните знаци.

Во август 2022 година роднините на настраданите поднеле барање за обештетување од 750 илјади евра против АПИ и Бугарската асоцијација на осигурување возила. Тезата на адвокатите на роднините на жртвите е дека во моментот на несреќата имало голем број технички неисправности на коловозот, погрешни ознаки и знаци, неквалитетни заштитни огради и асфалт, што влијаело на несреќата. Во автобуската несреќа загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќаа од организирано патување во Истанбул.

Казна затвор од една година и осум месеци доби сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата. Казнета беше и фирмата „Беса транс“ како правно лице со парична казна од 800.000 денари и доби забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.

Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1792.- Со мировен договор во Јаси заврши...
1793.- Французинот Жан Пјер Бланшар го изведе...
1856.- Во Неготин е роден Стеван Мокрањац,...
1856.- Роден е Антон Ашкерц, истакнат словенечки...