Мицотакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски

Верувам дека постојат два пола, машки и женски, ова е мое лично мислење, ова го налага биологијата, рече меѓу другото, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на панел-дискусија со поранешниот премиер на Италија Енрико Лета во организација на Грчко-американската трговска комора, јави дописничката на МИА од Атина.



Говорејќи за новиот американски претседател Доналд Трамп и односите на Грција со САД рече дека се одлични и дека „никогаш не биле подобри од последните пет години“, објаснувајќи дека двете земји имаат потпишано сеопфатен договор за безбедност и одбрана.

- Нашиот однос во голема мера ги надминува одбраната и безбедноста. Видовме зголемен интерес од американските технолошки компании за инвестирање во Грција. Секако, традиционално имаме многу силни културни и образовни врски. Гледаме голем интерес од американските образовни институции да дојдат и да соработуваат со нашите јавни универзитети. Тоа е многу силна и, верувам, трајна врска, истакна Мицотакис.

За изјавите на Трамп и за евро-атлантските односи рече дека е важно да се остави да се разјасни позицијата и да се види дали нешто од тоа претставува повторување на одредени предизборни ветувања и да се види точно каква ќе биде политиката на САД кон Европа.

- Европа со оваа нова реалност, верувам дека се соочува многу посвесно и геополитички многу позрело. Но, треба да истакнам дека претседателот Трамп излезе со слични изјави во 2016 година. Беше избегнато најлошото, барем во однос на големата трговска војна меѓу Европа и САД, рече Мицотакис изразувајќи надеж дека и овој пат ќе биде исто.

За улогата на Грција во Европа, грчкиот премиер посочи дека веќе е минато времето кога „Грција важеше за земја која само се занимава со сопствените проблеми и ја оптоварува Европската унија со своите внатрешни неуспеси“, а сега, целта на Владата е „да игра значајна и конструктивна улога во пошироката европска дебата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Шкот по улица и среќава пријател исто така Шкот, па го прашува:
- Каде бе пријателе?
- Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
- Море...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети...
1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во...
1561.- Роден е Франсис Бекон, англиски филозоф,...
1666.- Умре индискиот цар Шах Џехан од...