И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците.

- Во петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, на сите без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани, се наведува во соопштението.

Организацијата наведува дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири ги договараат цените, поради што граѓаните да не го почувствувале зголемување на платите и пензиите.

- Можеме ли политиката да ја оставиме настрана еден ден, да не се делиме, сите да бидеме едно, да им покажеме дека ние сме тие што одлучуваат, се посочува во соопштението на Институт Алтернатива.

На 31 јануари бојкот на трговските објекти е закажан и во Босна и Херцеговина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Една жена се жалела и му викала на мажот:
- Доста ми е веќе од се! Синоќа се врати вчера наутро! Ако и вечерва ее вратиш утре, немој денес воопшто да ми се враќаш!!!
Еден маж се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1573.- Под присуство на Матија Губец, во...
1860.- Во Таганрог е роден Антон Павловиќ Чехов,...
1866.- Роден е Ромен Ролан, француски...
1963.- Францускиот претседател Шарл де Гол стави...