Додик: Радован Караџиќ во тешка здравствена состојба

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, оцени дека условите во кои поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, ја издржува казната доживотен затвор во Велика Британија се „нехумани“ и дека неговата здравствена состојба е сериозно загрозена.



„Животот на Караџиќ е во опасност поради неадекватната медицинска грижа и нехуманите услови во британскиот затвор на островот Вајт“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс по разговорот со ќерката на Караџиќ, Соња Караџиќ.

Според Додик, условите во кои се наоѓа Караџиќ ги прекршуваат сите меѓународни правила, како и Универзалната декларација за човекови права на ОН.

„Потребна е итна реакција за да му се обезбеди соодветна медицинска нега. Се надевам дека, и покрај непоправливите последици од досегашното лекување, ќе се преземат чекори за подобрување на состојбата“, дополни Додик.

Караџиќ беше уапсен во Белград во 2008 година и екстрадиран во Хаг, каде што во 2016 година беше осуден на 40 години затвор за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства. Во 2019 година, неговата казна беше заострена на доживотен затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Келнер, едно слободно место покрај прозорот ве молам... На масата да има вазна со свежо цвеќе... Внимавајте, супата не смее да биде ни ладна ни топла, би сакал и едно пиво од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Нов Зеланд
1564.- Роден е англискиот писател Кристофер...
1665.- Родена е англиската кралица Ана, која...
1685.- Умре англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт,...