Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа

Илјадници граѓани уште од рано утрово ги исполнија улиците во центарот на Атина, како и плоштадот Синтагма за да испратат порака дека не ги забораваат жртвите во железничката несреќа кај Темпи пред две години, но и да го повторат нивното барање за правда, јави дописничката на МИА од Атина.



Иако протестот беше закажан за 11 часот по локално време, час и половина пред официјалниот почеток, плоштадот пред грчкиот Парламент беше веќе полн со граѓани на сите возрасти, млади, студенти, пензионери, семејства со деца.

Протестот започна со едноминутен молк, откако претходно беа прочитани имињата на сите 57 загинати.

Годишнината од несреќата се одбележува со 382 протести, од кои 262 во Грција и 120 во странство, а најголемите грчки синдикати за денеска закажаа генерален штрајк што буквално ја парализираше земјата.

Не функционира бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, дел од рестораните, таверните, кафулињата, ноќните клубови, театрите ќе бидат затворени, а учествуваат и адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници и супермаркетите кои неколку часа ќе бидат затворени.

Бродовите се закотвени на пристаништата, железничкиот сообраќај ќе биде целосно во прекин, а поради штрајкот на контролорите на летање, откажани се сите летови од и кон Грција.

Јавниот превоз во Атина, односно автобусите, тролејбусите учествуваат во штрајкот и нема да сообраќаат, а единствено метрото ќе работи од 9 до 17 часот со цел да им овозможи на граѓаните да стигнат на протестот во центарот на градот.

Грчката метропола е и без такси превоз, со оглед на тоа што такси возачите организирани од нивниот синдикат учествуваат во штрајкот, меѓутоа преку иницијативата „такси на солидарноста“ – нешто што првпат се спроведува во Грција, на четири различни локации во Атина таксисти волонтери бесплатно ги пренесуваа граѓаните до плоштадот Синтагма каде што се одржа протестот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на конкретните локации имаше масовен одѕив на такси возачите кои имаа закачени црни балони и табела дека се дел од иницијативата за бесплатен превоз на граѓани до плоштадот Синтагма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Кој ќе остане последен во авионот, ќе го чисти!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и...
Верски календар
На денешен ден
274.- Во Наисус (денес Ниш) е роден Константин...
1525.- Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго...
1533.- Роден е Мишел Монтењ, француски...
1825.- Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика...