Седницата на Собранието на Србија е прекината откако опозициските пратеници ја напуштија салата, при тоа активирајќи пиротехнички средства.

Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата.
Опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и раширија транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“.
Пратениците од владејачката партија извикуваа „Усташи“ и вееја српски знамиња. Тие фрлаа со шишиња со вода, при што една пратеничка е погодена во глава.
На дневниот ред на седницата беа 62 точки, меѓу кои измени на Законот за високо образование, предлог-законот за станбени кредити за младите и гласање за разрешување на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.