Додик: Добив покана од Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок, нема да одговорам

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик потврди дека добил покана од Обвинителството на БиХ за утре да даде изјава како осомничен за уривање на уставниот поредок, наведувајќи дека нема да одговори на поканата.



„Обвинителството на БиХ ме кани утре да дадам изјава како осомничен за уривање на уставниот поредок, бидејќи ја вршев мојата должност, пропишана со Уставот и законите, според одлуките на Народното собрание на РС“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.

Според него, Обвинителството на БиХ е „неуставна категорија и не може да зборува за Уставот“, додавајќи дека институциите чие работење е забрането на територијата на РС (државниот суд и обвинителство и Агенцијата за истрага и заштита на БиХ) не постојат во Уставот на БиХ.

„Брзината со која тие реагираа покажува дека се е однапред подготвено, што се однесува до продолжувањето на политичкиот прогон. Обвинителите кои доаѓаат од Федерацијата Босна и Херцеговина, кои се политички инструирани, на најстрог начин ја злоупотребуваат својата неуставна положба за политички прогон“, нагласи Додик.

Тој додаде дека нема да оди во, како што рече, „нивниот политички суд, бидејќи Србите повеќе не одат на инквизиција“.

„Србите ќе разговараат само за уредување на БиХ, но како што е напишано во Уставот и Дејтонскиот мировен договор. Денеска ме судат, бидејќи не можат да судат милиони Срби кои не сакаат да бидат лишени од нивните права во нивната земја“, напиша Додик.

Тој додаде дека РС „не е и никогаш нема да биде ничија колонија“, туку „сама ќе одлучува“ и ќе го почитува само својот устав, а не, како што оцени, „волјата на оние кои сакаат да ја згазат Република Српска преку политички оркестрирани процеси“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Позната сликарка почнала да го губи видот, па од страв тоа да не влијае на нејзината кариера отишла кај најдобриот очен лекар. После неколку недели нејзиниот вид бил повратен...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1475. - Во Капресе, Тоскана, е роден Буонароти...
1480.- Во Толедо е потпишана спогодбата со која...
1543.- Умре Антонио Алегри Кореџо, италијански...
1619.- Роден е францускиот писател Савинијен...