Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

Рокот за формирање нова влада во Србија почнува утре, 20 март и според законот, новата влада треба да се формира до 18 април на полноќ. Доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.



Според Уставот, процедурата сега ја презема претседателот на Републиката, кој треба да предложи нов мандатар.

„Крајниот рок за формирање нова влада е 18 април на полноќ. Вучиќ треба да предложи мандатар, а мандатарот на Собранието да ја предложи програмата на новата влада и предлогот на членовите, по што пратениците ќе се изјаснат за своите ставови“, изјави претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

На прес конференција, таа изјави денеска дека со констатацијата на оставката на премиерот во Парламентот и официјално е завршен мандатот на владата.

„Српскиот парламент, согласно член 132 од Уставот, ја констатира оставката на премиерот, а со тоа и официјално заврши мандатот на Владата на Милош Вучевиќ. Од утре, 20 март, почнува рокот за формирање нова влада“, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека доколку до тој рок - 18 април - не се избере нова влада, претседателот е должен да го распушти Собранието и да распише избори.

Како што наведе таа, изборите треба да се одржат 45 до 60 дена од денот на распишувањето, што во овој случај би било почетокот на јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува постара госпоѓа во секс шоп и збори со пелтечење:
Госпоѓа: Даааалииии проодааваате вииибраатоории?
Продавач: Да!
Госпоѓа: Имааатее лии моодеел 4иии?
Продавач: Да,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
43.п.н.е.- Роден е Публиј Овидиј Насон, еден од...
1413.- Умре англискиот крал Хенри Четврти,...
1727.- Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски...
1800.- Армијата на Наполеон ги победи Труците...