Вучевиќ: Новиот мандатар најверојатно ќе формира влада до 18 април

Новиот мандатар најверојатно ќе формира влада до 18 април, но дека се уште има мали шанси да се организираат избори, изјави денеска српскиот премиер во технички мандат и претседател на Српската напредна странка (СНС) Милош Вучевиќ.



„Мислам дека сме многу поблиску до избор на нова влада, но не можам да ја отфрлам можноста за нови избори. Во случај да немаме договор, претседателот да не може да ја заврши целата приказна во однос на формирање на целиот кабинет, оставам мала резерва дека тоа сценарио е исто така можно“, изјави денеска Вучевиќ за белградски медиуми, јави дописникот на МИА од Белград.

„Очекувам во текот на денешниот ден или најдоцна утре органите на партијата, пред се СНС, но и коалиционите партнери, да го потврдат тоа што ќе го предложиме како решение (двајца кандидати) и за тоа да го известиме претседателот на Републиката за да може да ја информира јавноста на кого му го доверува мандатот“.

Тој вчера по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за новиот премиер на Србија, рече дека коалицијата собрана околу СНС смета дека не треба да има нови избори, и дека ќе предложат двајца кандидати за претседател.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа од Софија изјави дека името на новиот мандатар за состав на влада ќе биде познато до сабота попладне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Умрел Бил Гејтс и отишол кај Св.Петар кој не знаел дали да го прати во Рајот или во Пеколот.
- Били, имаш ти големи заслуги за човештвото, ама тоа windows, па плави екрани...Оди...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- 1588.- Роден е Томас Хобс, англиски филозоф,...
1654.- Со мирот во Вестминстер (централен дел на...
1794.- Гилотиниран е Жорж Дантон, француски...
1827.- Роден е англискиот хирург Џозеф Листер,...