Сакам очекувањата да ги задржам на ниско ниво, бидејќи во никој случај не знаеме како ќе реагираат САД. Очигледно, постои силен интерес за уникатни производи од примарниот сектор што се извезуваат во САД. Маслинките, маслото, фетата, се производи кои воопшто не се произведуваат во САД, така што воведувањето царини, барем според мене, нема многу голема логика, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на владиниот совет за економска политика осврнувајќи се на царините од САД, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека она што е сигурно е дека ќе се борат за одбрана на грчките национални интереси и уште еднаш повтори дека е потребен заедничка реакција на сите земји членки на Европската Унија, за како што рече, да можат да бидат ефикасни на ниво на ЕУ
- Реакција, која верувам дека ќе стане поконкретен во следните седмици. И мислам дека беше правилно што не реагиравме веднаш и импулсивно, бидејќи за ова прашање потребно е многу проучување и многу анализи за начинот на кој Европа ќе реагира, рече Мицотакис.
Дополнително нагласи дека „Владата гарантира дека националната економија е подготвена да се соочи со новите предизвици“.
Околу владиниот совет за економска политика, што денеска го одржа првиот состанок, Мицотакис најави дека „одново ќе оживее под одговорност на вицепремиерот Костис Хаѕидакис“.