Опозиционерот Девлет Бахчели го нарече турскиот премиер најголем терористАнкара, 12 јули (МИА) - Лидерот на опозициската Партија за национална акција Девлет Бахчели го нарече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најголем политички терорист во историјата на Турција, објави денеска „Радикал“.
Како што пренесува МИА, Бахчели нагласи дека Ердоган се обидува да воспостави соработка со Курдската работничка партија (ПКК).
- Последната надеж за Ердоган е ПКК и лидерот на автономната курдска влада во Северен Ирак Масуд Барзани. Премиерот не војува против тероризмот на ПКК туку се обидува да соработува со неа, изјави Бахчели.
Тој го обвини турскиот премиер и дека се обидува да ја растури Републиката и оти го продава турското богатство на странците.
|