Синдромот „Втор Кипар“

Големо влијание во надворешната политика на САД имаат „Синдромот Минхен“ и „Синдромот Виетнам“. Во Турција за прв пат еден од најавторитативните аналитичари признава постоење на „Синдром Втор Кипар“.

Познатиот турски аналитичар Мехмет Али Биранд во коментар не ја исклучува можноста евентуална операција во северен Ирак да прерасне во „Втор Кипар“.

Таа веројатност веројатно би имала влијание врз турското воено раководство. Таа говори за подзаборавената, денес дури и за Атина, изјава на британскиот премиер Калахан од август 1974 година, дека Турција може да стане заложник на Кипар, т.е. при секој свој потег или иницијатива Турција да се сопнува врз политичките последици од интервецијата во Кипар.

Турската инвазија на Кипар во 1974 година, како и плановите за прекугранична операција во северен Ирак, е во целосна дисонанса со еден од главните завети на Кемал Ататурк, испишан на згради, статуи, споменици: „Мир во земјата, мир во светот“.

Смисолот на тоа што основачот на модерна Турција сакал да го нагласи во таа фраза, е дека внатрешната рамнотежа во земјата е сврзана со нејзината надворешна политика. А прекугранична воена операција значи разнишана внатрешна стабилност на Турција и слабеење на меѓународната поддршка, што ја одржува внатрешната стабилност.

Кемал ја научи таа лекција, поради нејзината голема цена. Станува збор за времето кога Турција беше на работ на воен конфликт со Британската Империја околу иднината на северен Ирак, познат во тоа време како Мосул, кон кој Анкара имаше претензии во периодот од 1922-1926 година. Иако доцна, Кемал сфати дека конфликт надвор од границите на земјата би ги разнишал, не само неговите реформски амбиции, туку и територијалниот интегритет на Турција.

Сега евентуална инвазија во северен Ирак би била катастрофален преседан за Анкара.

Прво, затоа што таа ќе влезе во директна конфронтација со САД, кои на северен Ирак гледат како на значајно упориште за нив.

Второ, таква инвазија ќе ги извади од колосек преговорете за членство на Турција во ЕУ.

И трето, сериозно ќе ги налути арапските држави, кои во никој случај не сакаат повторно да ја видат Турција на териториите што ги напушти по распадот на Отоманската Империја во 1918 година.

Турската инвазија на Кипар во 1974 година имаше сериозни последици по односите на Анкара со арапскиот свет, со земјите од Движењето на неврзаните, а исто така и со напорите на Турција за приближување кон Европа.

Во моментов евентуална инвазија во северен Ирак би можела да внесе дисбаланс во надворешната политика на државата, да ги наруши евроатлантските односи и односите со соседните држави - Иран и Сирија, кои беа воспоставени со толку големи напори во последните години.

Ако турското воено раководство ја преземе целосната одговорност за инвазијата врз Ирак, тоа по вторпат ќе му ја дигне цената на Ердоган. Од друга страна, ако со острата реакција по однос кандидатурата на Ѓул за претседателската функција, турските генерали и обезбедија триумфална победа на владејачката Партија на правда и развој на изборите, тоа заедно со евентуална инвазија во северен Ирак ќе значи дефинитивно и неповратно нивно лишување од можноста за мешање во политиката на државата.

Во контекст на аналогиите може да се каже дека кризата од есента 2007 година со северен Ирак потсетува на решавањето на спорот за Мосул во 1926 година, со една суштествена разлика: тогаш Турција се откажа од плановите за мешање надвор од своите граници и реши да „го уреди“ курдскиот проблем со крути мерки.

Сега „решението“ на курдскиот проблем директно коренспондира со стимулирањето на процесот на демократизација на Турција и со спроведувањето на неопходните реформи, кои и надвор од границите на државата би имале смирувачки ефект. Со други зборови, Ердоган е единствениот кој денеска може да го гарантира заветот на Кемал: „Мир во земјата, мир во светот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Туристички водач им се обраќа на патниците во комбето.
- Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...