Бериша: Независноста - нова страница помеѓу два народа

Независноста на Косово е можност за отворање на „нова страница меѓу албанскиот и српскиот народ“, изјави синоќа во Тирана албанскиот премиер Сали Бериша.

Најавената независност на Косово е „најголем настан од 1912 година“ во историјата на албанската држава, рече Бериша на церемонијата по повод примањето на поголем број млади во членството на Демократската партија на Албанија.

- Независноста на Косово означува крај на колонијалната приказна и отвора нова страница на мирот, стабилноста, регионалните и европски интеграции - рече Бериша и додаде дека со ова се отвора можност за нова страница во односите на два народа.

Истовремено, Бериша во интервјуто за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека е убеден дека нема потенцијали за обединување на Косово и Албанија и дека двете земји ќе бидат обединети кога и двете ќе бидат во Европската унија.

Албанскиот премиер наведе дека „со децении навистина постоеше опција за обединување на Косово и Албанија“, но „половина век на целосна поделба и диктатура во Албанија, која беше многу поостра отколку Титовата во Југославија, доведе до тоа Албанците на Косово се помалку да имаат предвид обединување со Албанија“, пренесе германското радио Дојче веле.

- Не гледам потенцијал за обединување на двете земји. Денес сите во Албанија сакаат независност на Косово. А утре во ЕУ ќе бидеме обединети - рече Бериша и потсети на фактот дека движењата за обединување со Албанија и во Приштина и во Тирана добија само неколку стотици гласови. Одговарајќи на прашањето дали за две или три децении ќе постои директна граница меѓу Србија и Албанија, Бериша „смета дека нема да постои“. - Можеби ќе има некои територијални аранжмани меѓу Косово и Србија, но со тоа Албанија нема да има ништо - рече албанскиот премиер.

Бериша исто така изјави дека властите во Тирана веќе изготвиле планови за помош во случај Србија да воведе економска блокада на независно Косово и додаде дека во тој случај на Приштина ќе и помогнат и Црна Гора и Македонија.

- Едно од нашите пристаништа нон-стоп бесплатно ќе биде на располагање на Косово. Во другите пристаништа ќе се работи во три смени, ако биде потребно. Ако биде неопходно, на Косово ќе му ги оставиме на располагање и нашите аеродроми. Македонија и Црна Гора исто така ќе помогнат. Затоа блокадата нема да биде премногу болна“, рече Бериша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела плавуша по улица и паднала во шахта. Целата испоискршена погледнала нагоре и си рекла:
Среќа моја што шахтата е отворена, инаку којзнае како ќе излезев
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Божик за христијаните кои се...
1536.- Умре англиската кралица од шпанско...
1537.- Убиен е поглаварот на Фиренца Алесандро...
1584.- Католичките држави во рамките на светото...