Портпаролот на Косовската полициска служба Ветон Ељшани изјави дека полицијата од изутринава го зајакнала присуството на сите патни правци и приоди кон српските средини на Косово, како и кон градовите, за каде е најавена прослава на Албанците по повод едностраното прогласување на независноста.
Во косовската полиција не веруваат дека денеска ќе дојде до инциденти, но нагласуваат оти се подготвени да интервенираат доколку нешто се случи, изјави за Танјуг Ељшани.
Тој додаде дека полицијата има сознанија дека церемонијата за прослава на независноста ќе заврши до полноќ.
- Синоќа ништо не беше најавено, но имаше луѓе на улиците и се помина без проблеми. Она што е најважно за нас е луѓето на улиците да прославуваат мирно, рече Ељшани.
Присуството на полицијата е закајнато на главниот ибарски мост во Косовска Митровица, а во градот повремено можат да се видат и оклопни транспортери на КФОР.