Косово прогласи независност

Претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи во 15 часот и 50 минути го  прогласи Косово суверена држава.

- Од овој момент Косово е независна и демократска држава, изјави Красниќи.

Непосредно пред тоа косовскиот Парламент едногласно со 109 гласа „за“ ја усвои Декларацијата за независност.

- Имаме јасна перспектива за развој на нашето општество почитувајќи ги ите жртви дадениза Косово. Прогласувањето на независнсота на Косово ја претставува слободната волја на косовскиот народ, рече косовскиот премиер Хашим Тачи претставувајќи ја Декларацијата пред пратениците и претставниците на меѓународната заедница.  

Тој, меѓу другото, во Декларацијата истакна дека Косово превзема меѓународни обврски и се обврза оти ќе соработува целосно со Хашкиот трибунал. - Косово неуморно ќе работи за нормализирање на односите и со Србија, со која имаме добри економски односи, промовирајќи го помирувањето меѓу нашите народи, истакна Тачи.

Косовскиот премиер Тачи јавно ги повика државите што ја поддржаа оваа Декларација да го признаат независно Косово.

- Нашата независност ќе ја постигнеме со благослов од меѓународната заедница и со нејзина помош, изјави претседателот на Косово Фатмир Сејдиу на денешната свечена седница на косовскиот Парламент.

Тој во своето обраќање пред косовските пратеници потсети на многуте жртви кои била направени за остварување на оваа цел, споменувајќи ги тука активностите на починатиот поранешен косовски претседател Ибрахим Ругова и командантот на ОВК Адем Јашари.

Сејдуи истакна дека жртвите и овие имиња не ги споменува со цел да предизвика омраза, туку да се постигне помирување.

- Тие жртви се дадени за да дојде денешниот ден кога ја прославуваме независноста, рече Сејдиу.

Косовскиот претседател истакна дека независноста на Косово го означува долгорочниот процес на распаѓање на поранешна Југославија.

Тој напомена дека денешиот чекор на косовските Албанци е резултат на неможноста да се постигне заеднички прифатливо решение меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово.

Сејдиу нагласи дека пактот мерки што ги предложи специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари им нуди гаранција на Србите, Турците, Бошњаците и другите неалбански заедници на Косово дека нивните права ќе бидат целосно заштитетни.

- Мошне брзо ќе го усвоиме уставот и законите, што е во согласност на планот на Ахтисари, рече Сејдиу, кој напомена дека Косово ќе се залага за блиска соработка со меѓународната заедница.

Тој им посака добредојде на претставниците на мировната мисија на ЕУ, која ќе придонесе за развојот на Косово.

- Во Косово сите граѓани ќе се чувствуваат како во свој дом. Косово е познато по тоа што е дом за сите граѓани, рече Сејдиу, обраќајќи се на српски јазик.

Сејдиу потенцира дека српското културно и религиозно наследство на Косово ќе биде целосно заштитено и вети целосно почитување на правата на Србите и залагање за што е можно побрзо нормализирање на односите со Србија.

Претседалот на Албанија Сали Бериша беше првиот што им ја честите на граѓаните на Косово независноста веднаш по прогласувањето.

- Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, изјави денеска претседателот на Србија Борис Тадиќ, веднаш откако косовскиот Парламент прогласи независност.

- Србија реагирала и ќе реагира со помош на сите мирни, дипломатски и законски мерки да го анулира овој акт на косовските институции. Луѓето во овој момент ни се најбитни. Побаравме од КФОР и УНМИК да ги заштитат Србите на Косово, истакна Тадиќ повикувајќи ги граѓаните, партиите, невладините организации, медиумите... мирно да се преброди овој многу тежок момент за Србија и српкскиот народ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела плавуша по улица и паднала во шахта. Целата испоискршена погледнала нагоре и си рекла:
Среќа моја што шахтата е отворена, инаку којзнае како ќе излезев
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Божик за христијаните кои се...
1536.- Умре англиската кралица од шпанско...
1537.- Убиен е поглаварот на Фиренца Алесандро...
1584.- Католичките држави во рамките на светото...