Тадиќ: Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово

Во овие тешки моменти за државата и за сите нас, сакам да апелирам до сите граѓани на Србија, на нашите сонародници на Косово и Метохија, во овие денови да не води, пред се, разумот, а државата Србија ќе ги повлекува одговорните потези и ќе направи се што е во нејзина моќ да се поништи самоволното и противправното прогласување независност на Косово, порача денеска во обраќањето до јавноста претседателот на Србија Борис Тадиќ.

- Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Србија реагираше и ќе реагира со сите мирни, дипломатски и правни средства овој акт на привремените косовски институции да се поништи. Србија од меѓународните институции на Косово ќе побара веднаш да се поништи овој чин, кој е спротивен на основните принципи на меѓународното право, нагласи Тадиќ. 

- Во овој момент ни се најважни животите на луѓето и нивната безбедност. КФОР и УНМИК се обврзани да ја чуваат безбедноста на сите Срби и другите неалбанци на Косово, да ги чуваат нивните домови и сите наши свети места. Тие се одговорни за секој живот на Косово, потенцираше Тадиќ.

Тој потенцираше дека побарал од КФОР и УНМИК највисок степен на безбедност за луѓето. - Но должни сме и ние да се грижиме. Тоа најдобро ќе го покажеме така што нема да повлекуваме непромислени потези со кои би се загрозила безбедноста на нашите сонародници на Косово, рече српскиот претседател.

- Уште еднаш ги повикувам сите државни функционери и лидери на сите партии во Србија во оваа ситуација да постапуваат одговорно. Барам од сите политичари во своите изјави да ги повикуваат своите приврзаници на мир, сериозност и воздржаност. Партиските промоции веднаш треба да престанат за државата во оваа ситуација да може да делува одговорно и единствено, истакна Тадиќ.

Српскиот претседател исто така апелираше и до медиумите во Србија во следните денови максимално одговорно и без сензационализам да ја работат својата работа.

- Оваа ситуација Србија ќе ја преброди мирно, достоинствено и цивилизирано. Србија нема да посега по насилство и тоа е единствен пристап што може да ни овозможи да ја продолжиме својата легитимна борба за зачувување на интегритетот на земјата, а Србија во оваа дипломатска борба ќе биде упорна, бранејќи ги и своите интереси и меѓународното право, колку и да биде потребно и се додека нелигитимниот акт за независност не биде во потполност надвор од сила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела плавуша по улица и паднала во шахта. Целата испоискршена погледнала нагоре и си рекла:
Среќа моја што шахтата е отворена, инаку којзнае како ќе излезев
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Божик за христијаните кои се...
1536.- Умре англиската кралица од шпанско...
1537.- Убиен е поглаварот на Фиренца Алесандро...
1584.- Католичките држави во рамките на светото...