Агим Чеку протеран од Колумбија

Богота, 7 мај (МИА) - Колумбиските власти денеска го протераа поранешниот косовски премиер Агим Чеку, за кој српските власти имаат објавено потерница преку Интерпол заради воени злосторства во Косово за време на судирите во 1999 година.

Административниот Оддел за безбедност - разузнавачка служба на Колумбија (ДАС), одлучи да го протера Чеку, но не даде детали за неговата дестинација.

ДАС соопшти дека не може да примени мерки за приведување странски државјани обвинети за дела направени пред 2005 година.

Чеку допатувал во Колумбија на 3 мај за учество на семинар за демобилизација и разоружување.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ вчера соопшти дека Интерпол потврдил оти Чеку се наоѓа во Колумбија, но оти државата не може да примени мерка задржување. Тој појасни дека според колумбискиот закон, мерките за приведување против странски државјани не се можни за кривични дела извршени пред 2005 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1507.- Роден е италијанскиот сликар Џентиле...
1790.- Умре австрискиот цар Јосиф Втори, син на...
1808.- Роден е францускиот сликар, графичар и...
1886.- Роден е унгарскиот револуционер Бела Кун,...