Софија, 29 октомври (МИА) - Бугарското обвинителство покрена истрага за новата „игра“ на улици во Софија во која учесниците-возачи, и пркосат на смртта со брз премин на црвено светло на семафор, поради облог во висина од 5.000 евра.
Од обвинителството соопштија дека играта „руски друмски рулет“ подразбира возачот да мине на црвено светло на семафор на прометна раскрсница, а да не се судри со други возила или да удри пешаци.
Набљудувачи исто така учествуваат во коцкањето со типување на резултат од „рулетот“ за кој добиваат СМС пораки за местото на одржување.
Во јуни во Софија две лица загинаа откако мотоциклист удри во набљудувачи на таа игра.