Бил Клинтон в недела во посета на Приштина

Тирана, 29 октомври (МИА) - Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во недела ќе допатува во Косово, јави дописникот на МИА од Тирана. Посетата на Клинтон ја соопшти лично премиерот Хашим Тачи, кој упати апел до косовските граѓани што помасово да излезат и да му приредат величествен пречек на „големиот пријател на Косово“, објавија медиумите во Тирана.

Клинтон доаѓа за да присуствува на откривањето на статуа со неговиот лик , која ќе биде поставена на плоштадот кој го носи неговото име.

Косовската Влада во декември минатата година ја соопшти намерата да открие биста во чест на Бил Клинтон, кој има голема популарност меѓу косовските Албанци по бомбардирањето на НАТО, по што југословенските сили во 1999 година се повлекоа од Косово.

Клинтон меѓу косовските Албанци се доживува како клучната фигура за одлуката за почнување на воздушните напади на НАТО, и воедно како нивни " херој и спасител од српската окупација“, јавија медиумите во Тирана. Основата на која е поставена статуата е висока 3 метри, самата статуа е висока 3,4 метри, работена е во бронза и тежи 900 килограми. За неделната церемонија владата во Приштина има издвоено 30 илјади евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...