Косовска Митровица, 5 јули 2010 (МИА) - Високиот функционер од Самостојно-либералната партија и пратеник во Собранието на Косово Петар Милетиќ е ранет изутринава околу 8 часот и 30 минути во северниот дел на Косовска Митровица, откако врз него е пукано од огнено оружје, јави Танјуг.
Инцидентот се случил пред зградата во која Милетиќ живее со семејството. Повредениот е пренесен во Здравствениот центар во Косовска Митровица и се наоѓа надвор од животна опасност.
Ова е втор сериозен инцидент во Косовска Митровица кој се случува во изминатите 48 часа, бидејќи во саботата во населбата Бошњачко маало непознато лице фрли рачна бомба помеѓу граѓаните при што беа повредени 11 луѓе, а едно лице го загуби животот.