Во Бразил уапсени тројца Хрвати, Бугарин, Црногорец и Македонец поради шверц на кокаин

Загреб, 16 јули 2010 (МИА) - Тројца Хрвати и по еден Бугарин, Црногорец и Македонец се уапсени во Бразил во полициската акција „медуза“ поради шверц на 62 килограма кокаин со најголема чистота. 

По четиримесечно следење, полицијата ги упасила Дамир Шимиќ, Слободан Његиќ и Ален Чичериќ, пишува весникот „Слободна Далмација“. Покрај нив уапсени се и Црногорецот Никша Илиќ, Драган Рангелов од Бугарија и Миодраг Воичиќ, натурализиран Бразилец, со потекло од Македонија.

Во акцијата спроведена во најјужната држава Рио Гранде до Сул и соседната Санта Катарини, запленети се 59 палети наводни лекови. Вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од 1,2 милиони евра, а покрај неа запленети се и еден брод и три џипа, со кои дрогата е пренесувана во пристаништата Флорианополис, Имбитуба, Итајаи и Навегантес за дистрибуција кон Европа.

Бразилската полиција како главен организатор го смета Његиќ, а координатор на операцијата бил Воичиќ, кој живее во Бразил подолго од 20 години, каде се оженил, има деца, а отворил и ресторан и такси компанија. Воичиќ уште во 2008 година бил предмет на истрага на бразилските власти.

Полицијата за шверцот на кокаин со бродови во Европа дознала од анонимна пријава, по што е организирано следење и прислушкување на сите шест учесници во криумчарењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?

- Веројатно комарец!
- Ама каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1325.- Основан е градот Теночтитлан, престолнина...
1572.- Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ,...
1733.- Роден е Џозеф Пристли, англиски...
1741.- Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син...