Бугарија претставува легитимна цел на Ал Каеда

Софија, 22 октомври 2010 (МИА) - Бугарија претставува легитимна цел во напади на Ал Каеда и муџахедините, затоа што испрати свои војници како поддршка на американските окупатори во Ирак и Авганистан, вели портпаролот на исламистичката организација Асбат ал Ансар, шеикот Абу Шариф во интервју за софијскиот весник „24 Часа“.

- И советувам на бугарската Влада да се повлече од Авганистан пред да биде премногу доцна, нагласува Абу Шариф.

Заканата од портпаролот на Асбат ал Ансар доаѓа по најавата на бугарскиот министер за одбрана Ању Ангелов дека Бугарија размислува да испрати 500 свои војници во Авганистан, кои би биле ангажирани за обезбедување на аеродромите во Кабул и Кандахар.

Началникот на бугарската разузнавачка служба генерал Кирчо Киров во врска со изјавата на Абу Шариф нагласи дека кога станува збор за закани упати од екстремистички организации, секогаш треба да се биде внимателен.

Во врска со интервјуто се огласија и бугарските министерства за одбрана и за надворешни работи, кои во заедничко соопштение истакнаа дека „сериозно ги сфаќаат ваквите закани, кои не за првпат им се упатени на бугарските војници, како и на другите нации кои учествуваат во мисиите на НАТО во Авганистан со мандат на ОН“.

Асбат ал Ансар е салафистичка исламистичка организација која се наоѓа на повеќе меѓународни листи на терористички групи. Нејзиното седиште е во палестинскиот бегалски камп „Аин ал Хелуе“ во Јужен Либан.

Лидер на организацијата е Ахмед Абдекарин ал Сади, познат како Абу Муџахедин, а командант на военото крило на Азбат ал Ансар е неговиот брат Хаисам Абдулкарин ал Сади, познат како Абу Тарик.

Во најголем број, активностите на Асбат ал Ансар вклучуваат регрутирање и испраќање на муџахедини во Авганистан и Ирак, кои се борат против меѓународните сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Туристички водач им се обраќа на патниците во комбето.
- Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...