Можно повторно воведување визи за Западен Балкан

Белград, 22 февруари 2011 (МИА) - Известителот на Европскиот парламент за визниот режим за државите од Западен Балкан, Тања Фајон предупреди дека постои можност за повторно воведување визи за Србија и државите од регионот бидејќи се повеќе држави од ЕУ имаат забелешки заради големиот број азиланти.

Во изјава за Вечерње новости, таа вели дека ЕК во почетокот на оваа година вовела посебен механизам со кој ќе се следи што се случува во врска со визната либерализација и дека во случај на сериозно кршење на обврските, земјите-членки може да побараат Србија или некоја друга држава да бидат на црната шенген-листа.

- Таа можност постои и се плашам дека без сериозна одговорност на владата во Србија, постапката за враќање на визи ќе биде покуса, бидејќи одделни држави како Франција и Холандија сакаат да ја забрзаат процедурата, оцени Фајон.

Таа додаде дека в четврток ќе се одржи расправа за предлогот на Париз и Хаг во Советот на министри за внатрешни работи во Брисел.

- Тој предлог извесно време е во оптек. Важи за вонредни ситуации доколку има многу азиланти. Со таква одлука би се заобиколил Европскиот парламент, појасни Фајон.

Ако се прифати таа иницијатива, според неа, тоа би значело „замрзнување“ на визната либерализација од одредено време, „можеби на неколку недели или месеци“.

- Тој принцип е предложен за да се носат некои одлуки брзо, без промена на уредба и целиот процес на одлучување. Би била потребна само согласност од сите членки. Свесни сме дека веќе неколку месеци ЕК загрижено го следи постоењето на вонреден број азиланти, особено од Србија, изјави Фајон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1507.- Роден е италијанскиот сликар Џентиле...
1790.- Умре австрискиот цар Јосиф Втори, син на...
1808.- Роден е францускиот сликар, графичар и...
1886.- Роден е унгарскиот револуционер Бела Кун,...