По преброени 98 % гласачки ливчиња, 52,5 % гласале за Плевнелиев

Софија, 31 октомври 2011 (МИА) - Според првичните резултати од обработка на 98 отсто од гласачките ливчиња, Росен Плевнелиев има 52,5 отсто гласови за претседател на Бугарија, а Ивајло Калфин 47,5 отсто, изјави Ралица Негенцова, портпарол на Централната изборна комисија.

Новоизбраниот претседател Плевнелиев вети дека ќе работи за модерна држава и за забрзување на европскиот развој на Бугарија, јави БТА. Според него, државата ќе има активно претседателство кое од првиот ден ќе биде отворено за граѓанските институции, за регионите за да може да се укажува долгорочно за насоката за равој на државата.

- Сакаме да станеме центар за националните приоритети. Ќе работиме за обединување на нацијата за приоритети што значи надпартиска акција, динамизам и за барање конкретни резултати, изјави Плевнелиев. Меѓу приоритетите ги посочи развој на регионите, економијата, подобра бизнис средина.

Плевнелиев вети надворешна политика базирана на националните интереси.

На прес конференција кандидатот Ивајло Калфин нагласи дека за првпат во Бугарија е избран претседател со најнизок број гласови.

- Се надевам дека Росен Плевнелиев и Маргарита Попова ќе бидат добар претседател односно потпретседател во следните пет години...Се надевам дека и двајцата ќе покажат дека може да бидат лидери на нацијата, изјави тој. Калфин нагласи дека граѓанската контрола врз работата ќе биде многу силна.

- Јас лично ќе се заложам  за контрола за тоа како работи претседателската институција, додаде Калфин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Знаеш ли миличок дека карбураторот од нашиот
. .*Мерцедес* е полн со вода?!
- Не е можно!
- Јас ти велам дека навистина карбураторот од
. .нашиот *Мерцедес* е полн со...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1258.- Тамерлан го зазеде Багдад. Монголците...
1502.- Португалскиот морепловец, Васко де Гама...
1515.- Во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански...
1736.- Седумгодишната војна заврши со склучување...