Плевнелиев победник на претседателските избори во Бугарија

Софија, 31 октомври 2011 (МИА) - Кандидатот на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Росен Плевнелиев победи во вчерашниот втро круг од изборие за нов шеф на бугарската држава.

Според резултати од обработените на 99,96 отсто гласачките ливчиња, како што соопшти денеска бугарската Централна изборна комисија, Плевнелиев освоил 1.692.330 гласа или 52,56 отсто, додека неговиот против-кандидат Ивајло Калфин од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) добил 1.527.383 гласа или 47,44 отсто.

Уште по објавувањето на првичните изборни резултатите Плевнелиев вети дека ќе работи на изградба на модерна држава и за забрзување на европскиот развој на Бугарија. Според него, државата ќе има активно претседателство кое од првиот ден ќе биде отворено за граѓанските институции, за регионите за да може да се укажува долгорочно за насоката за равој на државата.

- Сакаме да станеме центар за националните приоритети. Ќе работиме за обединување на нацијата на приоритети, што ќе значи надпартиско дејствување, динамизам и барање конкретни резултати, изјави Плевнелиев.

Меѓу приоритетите тој ги посочи развој на регионите, економијата, подобра бизнис средина. Плевнелиев вети и надворешна политика базирана на националните интереси.

Ивајло Калфин пак во првата реакција нагласи дека за првпат во Бугарија е избран претседател со најнизок број гласови.

- Се надевам дека Росен Плевнелиев и Маргарита Попова ќе бидат добар претседател односно потпретседател во следните пет години... Се надевам дека и двајцата ќе покажат дека може да бидат лидери на нацијата, изјави тој.

Калфин нагласи дека граѓанската контрола врз работата ќе биде многу силна.

- Јас лично ќе се заложам  за контрола за тоа како работи претседателската институција, додаде Калфин.

Плевнелиев, кој досега беше министер за регионален развој, е роден на 14 мај 1964 година во градот Гоце Делчев. Гимназија завршил во Благоевград, а Градежен факултет во Софија. Тој е женет и има три сина.

Пред да биде именуван за министер се занимавал со приватен бизнис, а неговата компанија „Ирис Интернешанл“ успешно работеше во Германија и Бугарија. Тој важеше за најпопуларен министер во Владата на премиерот Бојко Борисов.

Заменичката на Плевнелиев, новоизбраната потпретседателка Маргарита Попова досега беше министер за правда на Бугарија.

Претседателската функција Плевнелиев ќе ја преземе на 22 јануари 2012 година, кога официјално ќе започне да тече неговиот петгодишен мандат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...