Атина, 3 ноември 2011 (МИА) - Владејачката партија во Грција ПАСОК го загуби мнозинството во Парламентот пред утрешното гласање за доверба на Владата, објавија грчките медиуми.
Грчките пратеници почнаа вчера со дебата за доверба на Владата која ќе трае до утре кога ќе биде гласањето.
Папандреу во понеделникот најави дека ќе побара од парламентот да гласа за доверба на Владата и дека ќе распише референдум за договорот за помош со Европската унија.
Папандреу во парламентот имаше мнозинство од само два пратеника од вкупно 300 членови. Група пратеници од владејачката ПАСОК побараа вчера оставка од Папандреу тврдејќи дека со неочекуваната најава за референдум го загрозил најновиот договор за помош со ЕУ.