Кан, 4 ноември 2011 (МИА) - Грчката драма ги потресе европските партнери и предизвика хаос на светските берзи, поради што германскиот канцелар Ангела Меркел и се закани на Грција со исфрлање од Европската унија.
Меркел истакна дека ако Грција продолжи да го форсира референдумот ќе биде исфрлена од ЕУ на најмалку десет години.
Меркел и францускиот претседател Никола Саркози по вчерашниот состанок со грчкиот премиер Јоргос Папандреу соопштија дека и зачувувањето на еврозоната е поважно од спасувањето на Грција.
Саркози истакна дека во случај референдумот во Грција да биде спроведен, тогаш граѓаните ќе мораат на него да си изјаснат за тоа дали Грција треба да остане или не во еврозоната. Тој нагласи дека референдумот во Грција за тоа прашање ќе биде одржан на 4 или 5 декември и дека следната транша од помошта не може да биде исплатена пред референдумот.